Jump to content
Българският форум за музиканти

Александар

Members
  • Мнения

    128
  • Присъединил/а се

  • Последно посещение

  • Топ дни

    1

Всичко публикувано от Александар

  1. Мислам дека тоа нема да ти помогне. Јас имав една гитара со која што имав ист таков проблем, вратот си влечеше надолу, веројатно бидејќи потежок од телото, не знам. Гитарата имаше две копчиња на долниот дел исто како на снимката погоре, и јас пак обратно од тебе, сметав дека ќе го решам проблемот ако ставам само едно во средината како кај повеќето гитари. Така и сторив, меѓутоа не се сеќавам дали имаше некакво подобрување, бидејќи беше одамна, а и набргу потоа ја продадов.
  2. KStoev, знаеш што, јас имам некои јога вежби (упражнения или упражнавания. не знам како е точно на български книжовен) за раце, ќе ги побарам и ќе ти ги скенирам деновиве, па можеби ќе ти се најдат.
  3. Движењето би требало повеќе да оди од зглобот на дланката. Ако цело време свириш од лактот нормално е и да ти се вкочанува раката, брзо да се заморуваш а и да губиш на брзината и да не можеш да постигнеш рамномерен ритам. Има и уште една можност - можеби си левучар кој што свири како деснорак - како мене
  4. Интересно. А како го прицврсти пиезото, ако не е тајна? Бидејќи, и јас размислувам за нешто такво.
  5. Е да, тоа веројатно ги усложнува нештата до извесен степен. Ама има подножја и за таа варијанта. Еве што најдов на Гугл: http://parts.digikey.com/1/parts/297569-co...80z-178-ht.html Само тоа треба да го направи некој кој што се разбира во таа работа, инаку може и да се оштети плочата. А таквите подножја вршат голема работа, било при експериметирање со звукот, било при дефект.
  6. Пријател, а зошто не си сложиш од тие што ги викаат IC sockets, или DIL подножја? За твоите интегралци ти треба вакво нешто: Така ќе можеш лесно да експериментираш со најразлични интегралци и да видиш дали ќе има промена во звукот или не, без да треба постојано да залемуваш и одлемуваш. Јас мислам дека видот на интегралецот сепак влијае на звукот (повеќе или помалку), особено во гитарските ефекти на пример. Така, има забележливи разлики во RAT педалата со LM308, TL071, LM741 итн. Во твојот случај би можел да пробаш и со TL072, тие не се скапи, ама се од поквалитетните, и имаат FET влезни транзистори, што допринесува за извесна топлина во звукот.
  7. Хехе....„Санде”...Колку се срдев кога ме нарекуваа така на времето. Благодарам на советите, на сите. Се мислев и јас да ја однесам кај некој лутиер, ама па од друга страна имам еден таков став во животот, ако заебам нешто, сакам јас да го заебам; а пак ако успеам да го направам, тоа ќе биде чекор (крачка)понапред за мене. Ама се уште се мислам, ќе видиме. А за совети, се разбира. ќе пробам да исконтактирам со тие што ми ги посочи. Да, паралелното дупчење во вратот би било голем ризик и мислам дека нема да го правам тоа. Мене најмногу ме интересира, како воопшто се одразува на звукот таа празнина таму? Нели на местото каде што се спојуваат вратот и телото треба да има што е можно повеќе допирни површини, за подобро пренесување на вибрациите. А таа дупка ме збунува, белки не е направена поради некоја акустика?! Оф топик П.С. До пријателот кој што ми забележи на јазикот на кој што пишувам: Јас го знам б’лгарскиот книжовен, горе-долу, ама пишувам на македонски не поради непочитување, туку бидејќи знам дека ме разбирате и вие мене исто како што ве разбирам и јас вас, па според тоа сметам дека можеме да се дружиме без излишни куртоазии. Поздрав!
  8. Значи секогаш испаѓа по онаа старата: „тоа што не го знаеш, не може да ти наштети”, е така и со мојов проблем. Пред извесно време купив доста евтино една јапонска копија на Лес Пол, која што едноставно и на звук, и на чувство ми лежи ептен добро. Вратот е така, масивен, ама не премногу. Гитарата е доста тешка, не ја мерев, ама си е тешка. Телото е сочинето од четири дела, нешто како „pancake” стилот во 70-те. Два слоја од некаков махагони, а во средината мислам дека е јавор (клен) од некаде нешто помалку од 1 см. Е само горната плоча не знам од какво дрво е, некои влеат дека е шперплоча од бреза, некои од јавор, не знам. Како и да е, пред извесно време решив да ги израмнам праговите малку, ака fret leveling, и тоа не толку затоа што се истрошени, туку затоа што тој што ги менувал претходно не си ја завршил работата како што треба, и кога ги рамнел праговите направил неколку големи пропусти; -не ги обликувал по рамнењето, т.е. не им направил круна, или за искусните во лутиерството, crowning. -не се потрудил многу ни околу рабовите на праговите, т.е. доста се рапави, кога минувам со раката по вратот се чувствува. -оставил многу непополнети дупчиња на фретбородот, кои што ги направил вадејќи ги претходните прагови. Со оглед на тоа што досега двапати успешно имам сменето прагови, се решив самиот да ги дотерам малку. Вратот не е set neck, туку е bolt on,па така го симнав вратот, и ја завршив работата. Но она што ме извади од памет кога го симнав вратот е ова: Во средината на вдлабнатината за вратот недостасува едно цело парче на дрво (обоениот дел): Ајде и тоа некако ќе го решам, ќе вметнам парче оревово дрво, а каде што треба ќе пополнам и со кит направен од струганици и лепило за дрво, но: Што да правам со таа голема дупка во средината? Досега имам видено една помала таква на тоа место кај една друга гитара. Дали е тоа нормално, и е намерно направено поради звукот можеби? Јас мислам дека тоа е направено можеби при бојадисувањето, т.е. преку таа дупка можеби телото било прицврстено на некаква летва. Ако е така, тогаш Јапонците навистина живеат со главите надолу, т.е. обратно, ама не сум сигурен дека е за таа намена. Јас имам една идеа, и така планирам покрај шрафовите, да ставам и тенок слој на лепило. Жлебот е исклучително тесен, дури малку и се помачив дури да го одвојам вратот од телото, и тоа го правев доста внимателно. Знам дека некои ќе ме советуваат да не ставам лепило, ама јас мислам дека е подобро тенок слој на лепило отколку тенок слој на боја која што веќе ја има на вратот. Е сега за дупката, мислам неа или да ја пополнам со цилиндрично парче на ореово дрво, или пак и во вратот да направам паралелна вдлабнатина, и да вметнам нешто како дрвен клин кој што ќе ги спојува дополнително вратот и телото, што ми изгледа како малку поопасна операција. Вие што мислите, што да правам?
  9. Епа на тебе како ти се чини- струните се сега пониско или повисоко отколку што беа? Ако ти се пониско, подигни ги малку повисоко. Во принцип со подебели струни можеш да ги наместиш струните пониско со минимални опирања во праговите, или пак истите и воопшто нема. Го знам тоа од опит. Со потенки струни изборот беше или непријатно ѕвонење или високо кренати струни. Но како и да е, 10-46 и не се баш најтенките струни. Во принцип сите нови струни ѕвонат. На некои тоа им се допаѓа, на мене лично не. Исто така, можеби и ќе треба да си го наместиш трас родот лево или десно, ама ако не се разбираш, можеби би било подобро да го однесеш на некој кој што се разбира, да не се случипосле да го исправаш вратот од колено, како што правев јас со една гитара. Инаку според описот гледам дека потенки ти се само басовите, т.е. подебелите струни. А зошто не пробаш со еден комплет Д’Адарио 11-49? Mоже ќе биде подобро taka.
  10. Дали овој разговор го имаме правено и порано тука на форумов, или повторно ми се случува некакво „дежа ву“ како во филмот „Матрикс“ ? Инаку да, може да почне по малку, па да не испадне сосема рамно, па да спушти уште малку....и уште малку, и оп, дошол на 5 милиметри до другата страна на телото, па ќе треба после да го крати телото и во должина Шегата на страна, мислам дека не е добра идеата да одзема и од вратот, затоа што тоа можеби ќе се одрази на стабилноста, т.е. ќе може лесно да постигне вибрато ефект и само ако дише додека свири. Знам, затоа што на времето имав една таква гитара. Проблемот го решив така што ја продадов
  11. Може, ама треба да се внимава да се задржи коректниот агол помеѓу вратот и телото. И се разбира, по онаа старата- три пати мери- еднаш сечи
  12. Здравей Никифена, то и аз научих български четейки тук. Сега, може би не чак толко добре като вас, ама все пак. А що се отнася до псувните, ми те са си част од македонския фолклор Благодаря ви на всичките тук за полезните информации, наистина много ми помогнахте Поздрави
  13. Благодарам. Ја разгледав книгата набрзина и изгледа многу полезна Исто така ти благодарам и за линкот кон „Спак“, уште ако можат да испорачаат и во Р. Македонија би било супер. Дали има некоја таква фирма и во Софија, бидејќи можно е да патувам до Софија некаде за еден месец?
  14. Прочитав на интернет дека сите ги фалат рачно мотаните магнети (адаптери), па си викам и јас да си направам еден пар такви за еден телекастер проект кој што е во тек. Барав кај винклерите во Скопје но никаде не најдов доволно тенка жица за калемот. Најтенкото кое што најдов беше 0. 1 ако не се лажам, додека за пикап за гитара треба да е минимум 0,08. Дали некаде во Българија се продава таква жица, по која цена и сл.? Исто така, би можеле да дадете и свој коментар за рачно мотаните магнети, дали навистина се толку добри, и дали можеби некој од вас има такви итн. Поздрав
  15. Ако имаш можност да купиш нова прва струна со соодветна дебелина на комплетот, пробај првин така. Можно е да е до струната. Ако после пак го имаш истиот проблем, ќе треба да го вртиш малку и truss rod-от, особено ако си ставил подебели струни. Ако ти е страв самиот да го правиш тоа, однеси ја кај некој лутиер или кај некој кој што се разбира. п.с. Би било добро да постнеш и фотографија од гитарата, т.е. од bridge-от, да видиме поубаво за што говориме.
  16. Флажолетот на 12. поле треба да биде на иста тонска висина како кога ќе ја притиснеш жицата на истото тоа поле. Штом можеш да слушнеш дека имаш проблем со интонацијата по 12. праг, мислам дека би можел и сам да си ја средиш гитарата.
  17. Би ви бил благодарен доколку повторно некој од вас овозможи да се даунлодира книгата, бидејќи ме интересира таа тематика. Поздрав!
  18. А можеби повеќе би ти одговарала некоја гитара од типот на SG Но во принцип секоја гитара со хамбакери би ти вршела работа.
  19. Здравеј и на тебе. Да, па пишувам кога ќе можам, кога ќе имам време. А инаку тоа за левораките Лес Пол гитари, тоа да, ама сега откако веќе научив да свирам како деснорак. А неколку пати се обидував некое време да се научам да свирам и како левучар. Тогаш се отепував од слушање на Хендрикс и многу се каев што сум одел против својата природа, мислам, кога Хендрикс можел да свири така, зошто не и јас?Ама тоа ти е. Немав трпение бидејќи изгледаше како допрва да почнувам да учам, а веќе бев напреднат како деснорак. Да не има некои вежби(упражненија) за развивање на поголем усет на послабата рака?
  20. П.С. Никогаш нема да можам да свирам толку брзи и добри ритми како Ал Ди Меола
  21. Ха, значи не сум единствен. Е и јас сум левучар, ама свирам нормално, т.е. како десничар. Започнав така затоа што многу сакав да свирам на Лес Пол а бев убеден дека нема Лес Пол во леворака варзија, а исто така и ми се смееја кога обидувајќи се да свирам ја свртував гитарата обратно, со првата жица најодозгора, и така јас свирам со десна а се друго правам со лева . Е тоа е супер за легато, бендови и сл. ама десната рака понекогаш ми задава проблеми, не ми е толку брза колку што сакам да биде, како на пример при свирење на некои ритмични фигури. ама тоа е, ќе си се мачам
  22. Озвен што изгледа глупаво, и звучи глупаво. Мене ми се има случено на сред соло Среќа во несреќа е тоа што сепак ја задржав гитарата в раце, и таа не заврши на подот. Меѓутоа, се уште немам купено страпс лок, само го заменив коланот со нов, од подебела кожа.
  23. Што мислите за следнава идеа? Изгледа доста практично. p.s. don't try this at home..with YOUR les paul
  24. Честитки и секоя чест! Музиката е прекрасна и чекам да качиш нови исполнения, се надевам дека ке ги има. Поздрави!
×
×
  • Създай нов...

Важна информация!

Поставихме "бисквитки" на вашето устройство, за да направим този сайт по-добър. Можете да коригирате настройките си за "бисквитките" , в противен случай ще предположим, че сте съгласни с тяхното използване.