Jump to content
Българският форум за музиканти

Александар

Members
  • Мнения

    128
  • Присъединил/а се

  • Последно посещение

  • Топ дни

    1

Всичко публикувано от Александар

  1. Ето ме и мен https://soundcloud.com/maleksandar/lazy-jam
  2. Убава тема! Моето скромно мислење: Зависи од тоа што подразбираме под таблатури. Има таблатури коишто се само бројки на шест линии, и има таблатури кои се нешто помеѓу стандард табс и ноти, т.е. со ритмичка вредност, паузи и сл. Но сепак според мене таблатурите далеку заостануваат по однос на информациите коишто ги содржат во себе зад класичниот нотен запис. Како прво, во поглед на динамиката, но уште повеќе во поглед на хармонската вертикална и мелодиската хоризонтална структура на музиката. А тоа особено се согледува при учењето/компонирањето на музика за повеќе инструменти, кога многу појасно се гледа на пример како лежи ритамот на перкусиите во сооднос со басот, гитарата, пианото или кој и да е друг инструмент. Исто така, се согласувам дека не е нужно да се познаваат нотите за да се биде добар инструменталист и да се напредува во музиката, но не може да се одрече ни полезноста на истите. На пример, еве баш деновиве кога имам малку повеќе слободно време што е исклучително ретко, седнувам да поднаучам нешто ново, нешто накај џез ме влече, и најдов некакви етиди за виолина од Шрадик, со цел да ги размрдам прстите. Немате претстава колку овие упражненија се подобри од да кажеме некои видео уроци на Малмстин или Стив Вај, или не знам кој уште...Барем јас така мислам. Е сега, не се пишувани во таблатури, што да се прави
  3. Патем, каде вие купувате лампи во БГ? Некои онлајн магазини или така нешто? Кај нас најдов само на едно место со Electro Harmonix и Бугера лампи. Има и уште еден онлајн магазин, ама тој е.....
  4. Да ве прашам комшии, дали некој има опит со овие усилватели, бидејќи скоро купив еден таков и ми се допаѓа, но ќе треба да се сменат излезните лампи, а не гледам некој трим пот од надвор некаде за нагодување на bias-от,, па дали некој знае дали вооопшто има потреба од такво нешто или само треба да му бутнам две 6l6 -ки и да бркам работа? Или ако некој може да ми даде контакт (email, телефон) на Владо Белев? Благодарам!
  5. Е да, ја завршив гитарата. После речиси цели две години. Работата бидна некаде пролетта, но немав многу време за форуми, па така и заборавив на темава. Еве што испадна: Инаку при поврзувањето на магнетите сосема случајно испадна да имам Peter Green mod на гитарата. Тука можете да слушнете како звучи: http://forum.muzikant.org/topic/125144-renman-winter-blues/page__pid__763091#entry763091
  6. Супер вклучување, Сънчу. А кој код употребуваш за саундклауд да ти биде вметнат во пораката? ЕДИТ: разбрахме се за включването
  7. Александар

    Renman Winter Blues

    Не е ништо особоено, но чисто колку да ја испробам гитарата за која пред извеееесно време ја отворив оваа тема; http://forum.muzikan...-iaaia-dhaaioa/ Backing track тука: https://www.box.com/shared/o4aumayvqn И мојот каков таков обид http://soundcloud.com/maleksandar/winter-blues
  8. ^ Благодаря за хубавите думи. Съгласен съм за политиката и комплексарщината. Има и по-интересни неща за които да си вадиме очите. Поздрави!
  9. Александар

    Gilmour blues

    Многу убав бекинг трак. Еве и јас да се вклучам со нешто. Беше чисто колку да ги пробам Rakarack и Ardour на Ubuntu и свирев со прсти, бидејќи ме мрзеше да си побарам перце, па затоа има мнооогу грешки. Но ете, да слушнете http://www.4shared.com/mp3/YDDAF7vJ/Gilmour_jam.htm
  10. ОК, ајде пробај вака тогаш: 1. Отвори нов документ: File/New/Document Without Libraries 2. Селектирај Selection Tool (стрелката во горниот лев агол) 3. Кликни двапати на тактовиот размер за да ти се отвори прозорецот Time Signature. На прозорецот на десната половина ќе видиш слајд потенциометри кај коишто пишува Number of beats и Beat duration. Со помош на нив се определува тактовиот размер. Тука јас го наместив тактот во размер 15/1, но ти пресметај како што ќе ти одговара. 4. За да додадеш нови тактови (бидејќи тука имаш само еден), кликни Edit/Add measures. Додади колку што ти требаат. На крај скриј го тактовиот размер како што опишав погоре. Поздрав
  11. Да, заборавив и за тактните црти: 1. Селектирај Measure tool 2. Двапати кликаш на тактот за да се отвори прозорецот. 3. Избери invisible.
  12. Не знам дали е исто во Финале 2006, ама во 2011 се прави вака: 1. Селектирај Staff Tool (заокруженото со црвено горе лево). 2. Кликни двапати на првиот такт за да ти се појави прозорецот Staff Atributes. 3. Кај Items to display деселектирај Time signatures (заокруженото долу десно) 4. ОК.
  13. C,E,G,Bb е G6sus4add#9.....no5 Лека ноќ
  14. Епа ти нели го слушаш чичко Пас кога вели дека не треба непотребно да се усложнуваат нештата? Која е разликата помеѓу F## и G, освен од теоретска гледна точка можеби? Или, како ти би го нарекол следново созвучие - C,E,Bb,C? А баш во џез музиката често и се испушта квинтата, бидејќи таа нема некакво значение при определувањето на видот на акордот, па така тоа no5 е излишно, освен ако можеби не се работи за класична музика, тогаш и би можел да разберам.
  15. Е можеби не се разбираме баш најдобро. Знам јас дека C7 е доминантен септакорд, но сакам да кажам дека тоа E7no5addG ми изгледа како прекомплицирано објаснување за еден обичен E7#9. Не знам дали си гитарист или не, но како што гледаш на дијаграмот за C7 погоре, и таму е испуштена петтата степен, т.е. не се свири G, но сепак секој гитарист почетник тој акорд го знае едноставно како C7, а не како C7no5.
  16. C7 e четиризвучие, но како што гледаш погоре, G не се свири, па така и за овој акорд би требало да се напише C7no5?! Според мене едноставно се работи за непотребна информација, или пак категорично прецизна некоја...Ете, тоа е E7#9, или „E7no5addG“:
  17. И тука нема петта степен:
  18. Да бидам искрен, и јас првпат гледам такво бележење на акорд. Тој акорд го знам едноставно како E7#9. Што ли се' нема да смислат....
  19. Нешто што ми се виде супер интересно: http://www.youtube.com/results?search_query=jazz+comping+survival+guide&aq=f
  20. Најпрвин да кажам дека не сум баш некој специјалист кога станува збор за џез гитарата. Сметак дека оваа тема ќе биде една од најполезните и најпродуктивните на форумов, барем за мене, бидејќи во последно време особено ме интересира токму оваа тематика. Поради причините коишто ги наведе koliok малку погоре, имено поради некои ограничувања во можностите коишто ги има гитарата како инструмент, имајќи ја предвид пред се (невоз)можноста да се свират т.н. cluster voicings, т.е. созвучја од блиски интервали, секунди, па дури и намалени секунди, на пр: со цел да постигнат поголема тензичност во звукот, повеќето гитаристи прибегнуваат кон употребата на т.н. quartal harmony, или voicing in fourths. Тоа се прави така што наместо да се редат терци, се редат кварти една врз друга. Е сега, имам забележано дека различни луѓе го прават тоа на главно два различни начина. Некои почнуваат од најнискиот тон. и интервалите од кварта ги редат нагоре, додека некои (а и јас повеќе го претпочитам тој начин) го прават тоа така што како почетен тон го земаат највисокиот - најчесто тон од мелодијата којашто ја хармонизираат - и ги редат квартите надолу. На пример, ако во тоналитет C дур во мелодијата имаме тон D, под него редиме низа од чисти кварти - A, E, H, така што го добиваме следното созвучие - D, A,E,H. Но што ако во мелодијата имаме тон A, а во тој дел од тактот треба да свириме Cmaj7? Ако редиме низа од кварти под A, ги добиваме тоновите E, H, F. Тонот F ќе ја промени функцијата на акордот, и практично наместо да добиеме Cmaj звук, ќе добиеме Fmaj или Dm. Затоа или тонот F го заменуваме со најблискиот прифатлив тон, во случајов тоа е G, па така добиваме A, E, H, G; или го заменуваме со F#, добивајќи притоа C lydian звук.
  21. Ете нешто и од мене: http://www.jazzguitarlessons.net/jazz-guitar-standards.html http://ebookee.org/David-Sudnow-Jazz-Standards-Piano-Arrangements_1115529.html http://www.hipharp.com/wkshp_mats/wkshp_mats_dnkslr_dhc.pdf http://www.jazzguitarlessons.net/chord-substitutions.html Мислам дека ќе ти бидат од полза. Поздрав.
  22. Доколку си расположен за DIY изработка, или пак знаеш некој што ќе може да ти помогне, еве ти еден предлог, може ќе ти заврши работа: http://www.muzique.com/lab/splitter.htm
  23. Па не знам дали е баш сукане. Моето мислење е дека човек може да биде добар музичар и без да има диплома, и да биде просечен до лош со диплома. Ама може да биде и обратно. Но како и да е, доколку некој сака да биде музичар, на еден или друг начин е нужно да помине низ некаков процес на образование. Што се однесува до вториот дел од неговото прашање, односно што може да прави откако ќе заврши, е тоа не знам...После тоа секој со својата капа на главата. Меѓутоа не може да каже дека годините поминати на академија се губење на време. Јас лично немам формално музичко образование, но мислам дека академската дисциплина може да биде и многу добра работа. Се си зависи од амбициите на човекот.
  24. Учудваща е упоритостта, с която музиканти дето търсят извиненние за собствения си мързел се "облягат" на т.нар. неуки гении (които са всичко друго, само не и неуки...) Да нямаш музикална диплома съвсем не е равнозначно на това да си музикално неук... Наскоро имах точно такъв разговор с един "барабанист", който ми обясняваше, че импровизационните способности на музикантите били обратно пропорционални на годините прекарани в изучаване на музика... И той незнайно защо реши да се сравнява с "неукия" B.B.King ... Е да де, ама нали се сещаш, че образоването в дадена област далеч не става само в академична среда... Така че правилният въпрос не е дали и къде са се учили Павароти, B.B.King или пък Ибряма(и други успешни музиканти, изпълнители, продуценти... без диплома) , а с кого са работили(т.е. от кого са се учили). Апсолутно. Мајк Стерн еднаш кажа дека учењето музика е како учење на јазик. Колку повеќе разговараш, и колку повеќе читаш и си го збогатуваш речникот, толку повеќе ќе можеш да смислуваш свои фрази и изразни средства. Значи учењето, дали тоа ќе биде во рамките на некоја институција или пак самостојно, треба да си биде учење. А доколку се влезе во некоја академија само колку да се биде на академија, тогаш навистина резултатот може да биде еден вид академизам, т.е. академска затапеност. Па така, никој гениј не се родил сам од себе, сето тоа е само кумулативен процес, било да се работи за информации собирани преку генетски пат (т.н. вроден талент) или пак тоа да се информации собирани од генерациите пред него, но апсорбирани преку посреден пат, преку делата на генерациите пред него. Затоа и се вели дека успехот е 1% талент и 99% работа.
×
×
  • Създай нов...

Важна информация!

Поставихме "бисквитки" на вашето устройство, за да направим този сайт по-добър. Можете да коригирате настройките си за "бисквитките" , в противен случай ще предположим, че сте съгласни с тяхното използване.