-
Мнения
128 -
Присъединил/а се
-
Последно посещение
-
Топ дни
1
Тип съдържание
Профил
Форуми
Календар
Всичко публикувано от Александар
-
Колтрејн, Мајлс, Чарли Паркер, Гилеспи, Кени Гарет, Стан Гец, Драган Даутовски, Теодосиј Спасов, Пеце Атанасовски.....А гитарист сум
-
Има и комбинација на ноти со таблатури. Се пишуваат ритмичните вредности на нотите, само што место нотните глави се пишуваат бројките на праговите, и сето тоа се пишува во таблатура наместо во нотен систем. Така се пишувани книгите на Трој Стетина на пример. Така што тоа би можело да се смета како the best of both worlds. Но сепак, не само ритмичните вредности се важната работа кај нотите, туку тука е и вертикалната хармонска структура при градењето на акордите, како и воопшто движењето на мелодиската линија во хоризонтален поглед. Едноставно при таблатурите не може да има таква прегледност како кај нотите. Не може да биде исто на пример: --5--8--7--4-- со Барем за мене е така, можеби е прашање на навика. Ако треба истото да се транспонира, можам лесно да го сторам тоа бидејќи со нотите гледам интервали, додека со таблатурата пак треба малку да размислам. Истото тоа се однесува и за акордите. Едноставно се има повеќе преглед кон хармонските движења кога тие се претставени преку ноти. Друга интересна работа е тоа што доколку се знаат нотите, може да се чита и музика која што и не е наменета конкретно за гитара. Како на пример, можат да се свират виолински етиди што е многу полезно за развивање на техниката. Помислете само на Ингви Мамлмстин. А пак да не зборуваме и за џез транскрипции, или пак за фолклорната музика.
-
На гитарата и треба сет ап. Едноставно не ти е интонирана правилно. И на неправилно нагодена акустична гитара ќе се случи истото. А флажолетот на 12. праг треба да биде истиот тон и кога ќе притиснеш на истиот праг. Ни повисоко, ни пониско.
-
Има ли Single адаптер който да се сложи на мястото на Humbucker
topic отговори на Александар's palio в Китара
Да, ама и за тоа си има решение: http://www.google.com/#q=humbucker+sized+p...3f87efc6f926f13 -
Има ли Single адаптер който да се сложи на мястото на Humbucker
topic отговори на Александар's palio в Китара
Не е сосема истата конфигурација која што ти ја бараш, но барем ќе видиш како би изгледало на страт тип на гитара да се стави Р-90: И Пит Таунсенд свирел на такви: http://www.thewho.net/whotabs/gear/guitar/fenderp90.html Но во право е Л.К. Звукот веројатно не е ист. -
Има ли Single адаптер който да се сложи на мястото на Humbucker
topic отговори на Александар's palio в Китара
http://en.wikipedia.org/wiki/P-90 -
Yo, зборуваме за гибсон или за копии, па макар и за епифон? Копија имам и јас, ама тоа не е тоа А за МИМ телекастерот пак има добри критики колку што гледам, иако јас ја немам пробано. Ама ќе видиме...
-
Добро е тоа што телекастер може да се најде за колку толку добра и пристапна цена, за разлика од лес пол на пример. Јас еве на што фрлив око во последно време:
-
За Wayne Hydra се согласувам дека е грозна, ама Телекастер и Лес Пол се класика кога станува збор електрични гитари. Конкретно кога станува збор за телекастерот, тоа е гитара на која се свири секаква музика, почнувајќи од кантри па до џез. Сепак сето тоа е прашање на вкус, а и до тоа каква музика некој слуша, т.е. кој му е идол или така нешто. На мене пак повеќе ми се допаѓа телекастер од стратокастер, а пак и да не зборуваме за крамери, мамери, флајинг ви итн. итн.
-
Инаку да се вратиме на темата, не знам дали си го видел овој сајт, сметам дека е доста полезен: http://www.generalguitargadgets.com/richar...tion/index.html Еве уште еден сличен: http://www.gmarts.org/index.php?go=217 И уште еден: http://www.muzique.com/lab/tclip.htm Но сепак убаво ти кажаа и останатите, потребна ти е и некоја книга или учебник по основите на електротехниката или слично, без тоа не може...
-
Ах тие младите, од секогаш биле такви, мрзливи, нетолерантни и расипани, уште од Адам и Ева биле такви Инаку секое знаење си има свои предности. Убаво е да се знае и теоретскиот дел, но убаво е и да се знае како тоа звучи. Но за правење на дисторзија основата ти е во тоа да знаеш да ги препознаваш вредностите на елементите, кондензатори, отпорници, полупроводници итн. да ја знаеш нивната функција, да знаеш што ќе се случи ако врзеш два отпорници во серија, а што ако сврзеш два кондензатори паралелно, што прави кондензаторот ако го сврзеш во серија со сигналот, што ако го сврзеш паралелно итн. Јас тие нешта ги научив преку експеримент, т.е. слушав како звучат тие промени, бидејќи тоа ми беше важното, не дека и познавањето на теоријата е лошо де.... Решив неделава да се зафатам со правење на една „грешка“ :
-
Ламповият усилвател просвири,но моля за помощ за проблем с шума!
topic отговори на Александар's angelko в Изработка и ремонт
Да де, те разбирам совршено, при се што малку сум слаб во теоретскиот дел, признавам . Како и да е, сликата што ти ја постираше е од тука: http://sound.westhost.com/project27.htm Ете што пишува во објаснението: The earth isolation components are designed to prevent hum from interconnected equipment, and provide safety for the guitarist (did I just hear 3,000 drummers asking "Why ??"). The 10 Ohm resistor stops any earth loop problems (the major cause of hum), and the 100nF capacitor bypasses radio frequencies. The bridge rectifier should be rated at least 5A, and is designed to conduct fault currents. Should a major fault occur (such as the transformer breaking down between primary and secondary), the internal diodes will become short circuited (due to the overload). This type of fault is extremely rare, but it is better to be prepared than not. Another alternative is to use a pair of high current diodes in parallel (but facing in opposite directions). This will work well, but will probably cost as much (or even more) than the bridge. -
Ламповият усилвател просвири,но моля за помощ за проблем с шума!
topic отговори на Александар's angelko в Изработка и ремонт
Всушност тој грец зар не е токму тоа, заштита од струен удар, како и да се спречи појавата на ground loop? Ама сепак треба да се внимава. 315 волти во самиот засилувач не се малку. -
Ламповият усилвател просвири,но моля за помощ за проблем с шума!
topic отговори на Александар's angelko в Изработка и ремонт
100 евра?! Па тоа не е ништо. Инаку и јас едно време имав 18 ватен ламповзасилувач, кој што исто така имаше брум, ама пак имаше и феноменален звук. Тоа зависи и од куќиштето, а исто така и од некои ситни работи за кои што говореше Л.К. (трансформаторите на 90 степени и сл.) Тоа секако дека ќе помогне. Исто така имам читано и дека ако го свртиш кабелот обратно кај мрежниот приклучок, можно е да се намали брумот до извесна мера. Зависи и од самата гитара (екранирана или не, хамбакери или сингл коил итн.) Пробај со сите тие нешта, а пробај и да го изолираш влезниот степен со некаков немагнетен метал (алуминиум). А како што гледам на клипот, ти седиш доста близу до него, што исто така допринесува до тоа да има шум. Но како и да е, гитарски засилувач без шум нема. Инаку за тие пари веројатно би можел да се купи некој евтин Behringer или некоја слична глупост, па така секоја чест за изработката уште еднаш И јас би сакал да пробам да направам еден таков, ама откаков видов како нештата буквално се топат во засилувачот откако ставив погрешна ламба (мал бев ), некако ми е страв. Досега имам направено само два транзисторски засилувачи. Ама се загреав некако, можеби и ќе пробам наскоро. -
Ламповият усилвател просвири,но моля за помощ за проблем с шума!
topic отговори на Александар's angelko в Изработка и ремонт
Честитки за засилувачот. Колку те чинеше да го направиш? -
Нели на Петручи гитарата му беше од липа (basswood). Тоа дрво е меко дава топол тон со изразени средни, колку што сум слушнал. Оревот (walnut) пак би требало да ги истакнува високите, меѓутоа не како јаворот. Од орев е направена Gibson The Paul. В ред е малку да поистражиш за дрвата и нивните тонски карактеристики пред да се решиш да правиш гитара. Како на пример на вакви сајтови: http://www.guitarplayer.com/article/all-ab...ds/jan-08/33183 http://www.soundunlimited.co.uk/article_Gu...e_Woods_39.html http://www.jemsite.com/jem/wood.htm Меѓутоа не зависи само од видот на самото дрво. Зависи и од видот на конструкцијата (bolt on, set neck, neck through), магнетите (единечни, хамбакери; алнико, керамички итн. итн.), изборот за дрво од кое што ќе биде направен фретбордот итн. На Брајан Меј гитарата на пример била направена од даб, некаква шпер плоча и махагони + црви внатре = доста интересна комбинација.
-
Вместо промяна на скалата
topic отговори на Александар's chalgasucks в 7, 8, 9 - струнни китари и баритони
Јас мислам дека е подобро со подебели страни. Може да проба со некои џезерски, од 13 нагоре. Полесно е да се свири на пократка скала, според мене. Но тоа зависи од многу работи. На тие со подебели прсти им е потешко да свират на пократки скали. -
Молчи ѓаволе, планирам и јас да си посвирам на неа во меѓувреме
-
ОК, малку по малку продолжуваме со нашата mission impossible Значи за лепило решив да го послушам мојот пријател bmmusic , и да ставам туткал. Дандилов предложи интересно решение, но мене искрено да ви кажам малку ми е страв за толку радикални промени. Наместо тоа еве како ја замислив работата. Врз дупката ставив проѕирна пластика, и на неа ги исцртав линиите, за од неа да направам шаблон. Потоа земав парче оревово дрво, и од него еве што изделкав: Ете како се совпаѓа со нерамнините: Туткалот го подготвив на следниов начин: Во мало тегличе ставив малку туткал Потоа во тегличето сипав вода колку само да го покрие туткалот. Бидејќи немам такво чудо кое што се вика double boiler, решив малку да импровизирам: Кога туткалот се стопи, намачкав на гитарата и на парчињата, ставив стеги, и сега за сега тоа е тоа. Утре ќе видиме што сум направил.
-
Еден мал совет за помалку да болат прстите - треба да се притиска поблиску до праговите. На пример, при D - dur:
-
Јас да сум на твое место би избрал lace затоа што имам слушнато дека се работи за чист пикап, со јасни високи и ниски. Плус тоа, колку што знам тоа е изборот и на Jeff Beck , како и на Johny Greenwood од Radiohead. Додека од друга страна, ноислес пикапите се нешто како хамбакер, само поставени еден врз друг, наместо еден до друг. Но немам директно познавање од тоа, така што не можам со сигурност да тврдам. А инаку и јас би зел само сет на пикапи, а ако веќе ги имаш другите делови, сврзувањето е многу лесно, и можеш и сам да си го направиш. Во случај веќе да не си го направил тоа, можеби би било добро да изгледаш некои од следниве клипови на YouTube: http://www.youtube.com/results?search_quer...ickups&aq=0 На вториот има многу добро објаснување за самата конструкција на пикапот. А исто така, има и повеќе видови на лејс пикапи, можеби би било добро да се информираш малку повеќе и за тоа. http://www.lacemusic.com/electric_pickups/...ric_pickups.php
-
Ајде малку да ја подновиме темава. Најнапред да ви се заблагодарам на советите. Е така, летото божем ќе ја правев гитарата, ама тоа се зафатив со други работи, и така и си остана. Како и да е, смислив како да се справам со проблемот, и направив подлошки за нерамнините. Е сега дојде време за лепењето. Планирав да лепам со туткал, и набавив од еден локален столар, арно ама сега залади времето, а имам читано дека со туткал се лепи на повисоки температури. Е сега се мислам, дали да лепам со PVA лепило, или да почекам да почне грејната сезона Значи станува збор за лепење не само на подлошките, туку и на вратот. Вие што препорачувате?
-
Не сум запознаен точно, па така не можам да ти кажам ништо конкретно. Види и тука, најдов нешто не Ebay: http://cgi.ebay.co.uk/LACE-SENSOR-BLUES-PL...D-/380196839523 Види во контакт информациите секако ќе најдеш email, па така не би требало да представува никаков проблем да стапиш во контакт со нив. едит: пишува дека листата е завршена. Еве и друг линк: http://shop.ebay.co.uk/?_from=R40&_trk...oaded+pickguard
-
Не си напишал за каква гитара се работи. Ако ти е за страт: http://www.google.com/products?q=lace+sens...;hl=en&aq=f