Jump to content
Българският форум за музиканти

Александар

Members
  • Мнения

    128
  • Присъединил/а се

  • Последно посещение

  • Топ дни

    1

Всичко публикувано от Александар

  1. Пентатониката може да биде досадна ако само, како што рече колегата погоре, се повторуваат општи клишеа познати уште од Чак Бери па наваму на еден безличен и механички начин, а посебно ако се свири во една или две општо познати позиции. Но во свирењето по пентатоника има многу повеќе од тоа. За сите кои се заинтересирани по тоа прашање им ги препорачувам видео инструкциите на Zakk Wylde - Pentatonic Hardcore. Придружната книга во pdf формат за тоа видео можете да ја даунлодирате тука. Исто така би можеле да ви бидат од корист и некои видео школи за џез гитара, како онаа на John Scofield- On imrpvisation, и многу други на кои можете да налетате, а кои секако би ви биле од корист. Еве некои линкови кон таа проблематика: http://www.guitar-dreams.com/guitarlessons...essonid-13.html http://www.creativekeyboard.com/backissues.../pentatonic.pdf http://www.jazzguitar.be/jazz_guitar_lesso...es-p3-pent.html http://www.saxontheweb.net/Rock_n_Roll/RockSax05.html http://instructional1.calstatela.edu/rlemo...nic%20Scale.pdf
  2. Еј одлично! Значи потрагата е успешна. Благодарност и до тебе и до сите кои учествуваа во темата, бидејќи така научив и за други доста добри музичари кои вреди да се слушнат. Голем поздрав! Да би било многу добро да се отвори таква тема, во која секој би зел учество со прибирање на најразлични видови на информации за народната музика, бидејќи од таа музика има многу што да се научи. Погледнете само што вели чичко Ваи Човекот се мачел да го постигне тоа, а на нас тоа ни е природно исто како што ни е природно да дишеме и пиеме
  3. Еј, абе изгледа дека Шибил Бенев ќе да е (не реков јас дека е како Shawn Layne де, нека му е вечна памет) Само изгледа дека тој не се занимава многу со фолклорната музика туку си цепи straight ahead jazz, според она што го видов на youtube. Можеби тој настап во Скопје (ако не сум се препознал сега) бил нешто како исклучок во неговиот стил на музицирање dandilov, Булгара се одлични, ги немав слушнато до сега, ама ми се допаѓаат !
  4. Инаку пред 15-тина минути наидов на еден линк кон заеднички проект на Атеншхан Юсеинов и Елка Атанасова и токму сега го слушам Извонредно!!! Само што, како што често се случува при такви даунлодирања, ниту има заглавје на албум, ниту заглавје на песна, само track1, 2, 3, итн. Ама одличен албум, сепак
  5. Не, не е Ангел Димитров, тој повеќе ја тегли накај, како да го наречам тоа?- neo- clasical metal со фолклорни мотиви, што е се разбира уште една интересно толкување на народната музика Не е ниту Атешкан. Човекот по чие име сум во потрага веќе подолго време е повозрасен и по-полничок и свиреше на hollow body гитара во класична џез трио формација- бас, тапани и гитара. Атешкан повеќе влече накај источните и циганските мелодии , а овој свиреше баш наша „каурска“ музика Нешто вакво: или вакво: само што звучеше малку по- jazzy. До Evtim Djerekarov: Да, ме интересира народната музика, без разлика на тоа што слушам речиси секаква музика, од психоделичниот рок на 60-те и 70-те, be-bop, fusion-jazz, па се да кажеме до Dream Theater, Radiohead итн. А во последно време се повеќе ме интересира џезот како феномен, поради слободата која таа музика ја нуди во хармониските и мелодиските решенија. Е сега, бидејќи нели на црнците во Америка тие мотиви кои ги вметнуваат како основни теми во некоја песна им се природни т.е. нивни, така и нашата изворна музика ни е природена и на нас, и некои наши музичари кои многу ги почитувам, како Влатко Стефановски, Теодоси Спасов, Стојан Јанкулов, Тони Китановски, Драган Даутовски итн. ја свират таа музика на извонреден начин и со модерен пристап, но без притоа таа да изгуби нешто од својата првична убавина. Инаку, еве некои сајтови каде може да се најдат ноти: http://kaval-bg.com/resources.php http://macedonia.auburn.edu/songs/index.php За да се свири таа музика треба навистина многу труд и посветеност, посебно во пикингот, поради нерамномерните ритми. Треба да се развие беспрекорен алтернативен пикинг. бидејќи никогаш не знаеш кога треба озгора, кога оздола, и школите на Трој Стетина не помагаат тука многу. Балканска работа
  6. Александар

    Прашање

    Пред неколку години на скопскиот џез фестивал гостуваше еден български гитарист кој ми остави голем впечаток со своето свирење. Исполнуваше българска фолклорна музика на електрична гитара. Е сега, не знам како се вика, го гледав на телевизија и изгледа малку по-полничок така. Дали некој може да ми помогне да откријам за кого станува збор? Би ви бил многу благодарен. Поздрав!
  7. Најдобриот совет е „play before you pay”. И има право тој член кој напиша дека прво треба да слушнеш како звучи гитарата „на суво”, т.е. невклучена во засилувач. Бидејќи, во повеќето случаи гитара која звучи лошо невклучена, ќе звучи лошо и вклучена. На гитарата која има добар резонанс, т.е. е направена од квалитетно дрво и со солидна конструкција подоцна можеш и да и вградиш поскапи магнети (pickup- и) и да звучи уште подобро, додека таквата надградба на боклук гитара ти е чисто фрлање на пари според мене. Што се однесува до техничките моменти, „здравствената” состојба на инструментот, најдобро е со тебе да поведеш некој кој знае повеќе за тоа, доколку ти не си сигурна. И не е нужно дека скапите гитари (светски познатите марки) се секогаш добри гитари. Прочитај нешто за новите модели на гибсон лес пол на пример на интернет. Сум прочитал многу лоши коментари за нив. Зборот ми е, има големи шанси за помали пари и од втора рака да купиш многу убава гитара, и потоа со мала инвестиција да добиеш гитара од своите сништа, исто како што е и можно да купиш нова и поскапа гитара која потоа ќе ја мразиш. Ти го кажувам ова од лично искуство и за двата дадени случаи. Поздрав!
  8. Можеби треба да пробаш со винтот на truss rod-от, или ако ти не си сигурен во тоа да го однесеш на квалификувано лице. Имено, може проблемот да се наоѓа во вратот (грифот) на гитарата, т.е. да е крив.
  9. Еве и од мене нешто: http://users.chariot.net.au/~gmarts/ampovdrv.htm http://www.muzique.com/lab/sat.htm http://www.till.com/articles/GuitarPreamp/ http://www.tdpri.com/forum/burnt-fingers-d...tar-preamp.html http://www.redcircuits.com/Page120.htm http://www.diystompboxes.com/pedals/schematics.html http://analogguru.an.ohost.de/
  10. Абе истата работа! Се сеќавам дека мене во градинка ме тераа и да си ја јадам супата со десната рака. Тие соц. комуњари се ненормални братко. Но јас си останав левучар, освен во свирењето на гитара. Треба да ги тужам за дискриминација и злосторство против човештвото поради тоа
  11. Најпрвин, тоа B дали e B (H или Си) или е B flat бидејќи ние во Македонија вака гледаме на хроматиката, на пример од А, B, H, C, Cis, D, Dis итн. На мене многу подобро ми звучи ако B=H (на пример басот ти е на 6. жица 7. поле). Најлесен избор за солирање конкретно во овој случај е B minor pentatonic : http://jguitar.com/scale/B/Minor%20Pentatonic Исто така можеш да ја користиш (ползваш) и B minor , или пак B Phrygian на која што можеш да гледаш и како на E minor т.е. идентична е со неа, само што првата почнува од B , а последната од E. Оваа скала ќе ти даде малку шпанска боја на солото. Друг мој избор би бил и B Dorian Но се разбира, не се работи само за тоа да ги редиш скалите нагоре и надолу, туку сепак мора да слушаш некаква мелодија во главата додека одат тие акорди во позадина. Пробај и да испееш некоја мелодија додека ги свириш тие акорди, а потоа истата таа мелодија фати ја по слух на гитарата, или пак пробај со различни комбинации од овие скали кои ги постирав. Се надевам дека помогнав Поздрав!
  12. Абе гледај сега, работата е во тоа што навистина и нема некоја филозофија во тоа, посебно со оглед на фактот дека не станува збор за свирење на класична гитара, па да мислиш дланката никогаш да не го допира вратот (грифот), стомакот да не го допира задниот дел од гитарата и таа да ти седи на левото колено наместо на десното, да седиш во исправена положба итн. итн. туку и начинот како го држиш перцето влегува во твојот личен стил на свирење. Погоре го спомнаа Ван Хален, ако погледнете како Џими Хендрикс го држи перцето ќе забележите дека тоа го прави различно од, да кажеме Слеш, или Петручи, или Ал Ди Меола итн. Еве ќе приложам неколку снимки за илустрација: На пример, мене овој начин ми изгледа многу несигурен, бидејќи се остава поголема слободна површина на перцето и има поголеми изгледи тоа да испадне од раката, барем мене така ми се чини, Исто така, сум забележал дека ако вака се држи, повеќе се слуша оној удар на самото перце, особено ако тоа е потенко. Јас на пример тоа го правам вака некако: Значи прстите ми се поблиску до самиот врв на перцето. Исто така може да се свири со дланката подотворена како погоре, при што често прстите се потпираат на телото од гитарата, или на scratchplate- от или пак со прстите собрани, т.е. вака: А и самите димензии на перцето играат извесна улога при брзото свирење. Со помало перце се свири побрзо. На пример џез гитаристот Џо Пас свири со мало перце, вели дека така подобро ги чувствува жиците, односно понепосредно итн.
  13. Сметам дека сепак не си направил таква грешка каква што јас направив! Имено, јас сум левучар, а се научив да свирам како деснорак Сите мои тогашни идоли свиреа со десната рака, и кога првпат го видов Хендрикс сфатив дека гадно сум се заебал И ги сменив жиците обратно на мојата кремонка со цел да ја исправам грешката, но немав трпение, бидејќи веќе бев напреднал како „нормален“ гитарист Тоа што свирам со послабата ми рака ми задаваше голем проблем токму со брзината, бидејќи имав чувство дека немам доволно контрола врз десната рака, па дури правев и разноразни вежби, како склекови само со десната рака, дури се обидов да научам и да пишувам како деснорак. Но со текот на времето се навикнав, а и користам понекое легато тука и таму, не се срамам. Како и да е, забележав дека повеќе ми лежи свирењето со потврди перца (над 1.6 mm) и со подебели жици. За мене тоа беше голема промена на подобро. Што се однесува до самиот начин на држење на перцето, не постои апсолутно правилен начин. Сум видел гитаристи кои го држат перцето не со палецот и показалецот, туку со палецот и средниот прст и тоа успешно. Се зависи од тоа колку ти е тебе удобен овој или оној начин, дали премноу ја стегаш раката, или пак премногу лабаво го држиш перцето. Ако премногу се стегаш, тоа ти дава илузија на некаква поголема контрола и брзина, но така премногу се заморуваш, а тоа ти е сигурниот пат до аритмија, а ако пак премногу лабаво, перцето постојано ти се изместува и пак- аритмија. Значи самиот треба да си изнајдеш некој оптимален начин. Јас перцето го држам така што показалецот ми оди во должина со самото перце, палецот оди хоризонтално, а „работна“ површина на перцето оставам таман толку колку да не си ги раскрвавам прстите од жиците, значи многу малку т.е. свирам со самиот врв на перцето. Ова многу помага и за лесно изведување на оние artificial harmoics или pinch harmonics или како и да ги нарекуваат веќе, а и сметам дека е полесно да се свири побрзо на тој начин, отколку да ги зафаќаш жиците со поголема површина од перцето. Што се однесува до брзото свирење, ќе ти цитирам еден познат инструктор Troy Stetina, можеби и си чул за него, тој има напишано една добра книга, се вика Speed Mechanics for Lead Guitar. Вели вака: „Најсигурниот пат до брзото свирење е бавното вежбање! Ако вежбаш брзо и непрецизно, и ќе свириш брзо и непрецизно!“ А ако вежбаш полека и внимателно, има шанси да се развиеш во квалитетен гитарист, и да достигнеш солидна брзина и прецизност. Горе споменатата книга, доколку ја немаш, можеш да си ја даунлодираш тука Мене ми отвори некои нови хоризонти на времето. Поздрав, и успех!
  14. http://www.youtube.com/watch?v=pA-aEqbU6jE...feature=related
  15. Еве нешто за оние на кои што не им пречи да ризикуваат уште повеќе да си ја заебат гитарата http://www.youtube.com/watch?v=04494HHktZc...feature=related http://www.youtube.com/watch?v=-hx8P8CVFG0...feature=related http://www.youtube.com/watch?v=Jw9vJ2I3kVk...feature=related Поздрав!
  16. Ал Ди Меола
  17. Това значи повторување на претходниот такт. Поздрави
  18. Можеби е веќе познато, но сепак... http://kaval-bg.com/index.php Поздрав!
  19. Па сега, или јас се инаетам или ти А тоа што напомнав нешто за корените на музиката на Jethro Tull воопшто не значи дека се чувствувам повикан некому да држам лекции, ни најмалку не ми беше намерата да за такво расфрлање.А за тоа дал некој ќе ја познае,признае или како и да е нашата музика, која воопшто не заслужува да биде ставана во наводници,да ти кажам и воопшто не ми е гајле.А колку што знам јас,зар не е Теодоси Спасов моментално на турнеја низ Америка? Гледаш, на светов сепак му треба разновидност, а и на Балканов се разбира!Не мора сега сите да се занимаваме со фолклорот. Воопшто не ми беше тоа муабетот!
  20. Ти си си го казал ясно, няма нищо за разбиране. Правилното изказване е - много ги харесвам, страшни са и т.н., а не по-добри са от този и онзи. Джетро е институция (без да съм им огромен фен) и ги знае цял свят, а конете аз,ти и група съветски учени Ти май не ме разбираш, а против Македонците пък, съвсем нищо нямам, дядо ми по бащина линия е от Елошник. Хайде стига, че го обърнахме на чат рум. Во ред!Можеби требаше да го бoлдувам зборот мене од таа реченица што си ја цитирал за да бидам појасен.А зошто си го испуштил и оној дел кога објаснувам дека тоа е затоа што и самииот сум од овие простори ,па затоа повеќе ми лежи музиката на Коњите?Јас мислам дека сепак има нешто во тие муабети за поднебјето,гените итн.Помисли само колку луѓе слушаат чалга .Секако ова не значи дека се треба да сведеме на некаков локал -патриотизам и да се изолираме на овој наш полустров.Тоа би било грдо ограничување.Колку за Џетро Тал мене ми се допаѓаат.Не се што е од нив,некои работи ми се здодевни,но сепак си имале тие некои добри периоди.Нормално нели,се е тоа субјективно,и за вкусовите не се зборува,ама како што рекол Ниче,кога не би зборувале за вкусовите,можеби би немале за што да правиме муабет!А токму за тоа,дека Џетро Тал се институција,а Коњите некаков ендемичен вид,впрочем и станува збор овде!Ние на нашиве простори имаме многу квалитетна музика,и таа не треба да се заборава во име на некаква глобализација,или пак елитизам,или пак помодарство.На пример,Џетро користат фолк мотиви од нивниот остров,и токму тоа ги прави автентични,и кога ги слушнав Теодоси,Влатко и компанија прилично се израдував и сум горд заради нив.Секако ова не ме прави манијакално-фашизоиден патриот!Едноставно си го почитувам просторот на кој живеам1 А инаку,тоа што немаш ништо против Македонците,верувај,тука сме на иста линијаДа не беше така,немаше ни да бидам на овој форум
  21. Пријателе ти пред да се истрчаш со воопштувања од типот "вие Македонците...."и така натаму прво размисли што сакал поетот да каже! Таа споредба воопшто не е од комплексарски тип туку ја направив чисто како куриозитет!Кога првпат ги слушнав Balkan Horses Band си реков,еј па ова е нешто како Џетро,како што веќе реков,најверојатно приодот кон музиката ме подсети на нив.Ниту пак велам овој бенд е подобар или пак оној!Баш напротив!Тоа ти е како она -овде тамбура,во Шпанија гитара ,во Јапонија шамисен,разбираш?Споредбата беше повеќе од типот на наоѓање заеднички точки отколку од компетитивно-исклучувачки карактер! А тоа за новиот Стефановски,сепак не се занесувам толку.Не сум до толку искомплексиран во врска со свирењето гитара сепак!Поздрав и на тебе!
  22. Важи ,нема проблем!Ќе се потрудам да пуштам нешто наскоро.Поздрав!
  23. Уште еднаш благодарам за гостопримството на сите тука
  24. Песната е многу убава и има впечатлива мелодија.Мислам дека не и требаат некои којзнае колку разновидни аранжмански украсувања бидејќи понекогаш мајсторството се согледува и во способноста да се направи едноставна и убава песна.Гласот на девојката многу ми се допаѓа и многу убаво ја донесува мелодијата!Единствено што и недостасува на песната е малку динамичка разновидност и придружни вокали.Според мене затоа таа изгледа малку еднолична.Сепак,песната го има она што е потребно за да биде песна.Честитки!
  25. Знам дека секоја група си има своја харизма.Воопшто не станува збор за некаква строга споредба на прнцип "или-или"!Ги споредив затоа што ми се слични во приодот кон музиката.А мене ми се поблиски "Конете"затоа што сум Балканец.Но,тоа си е чисто субјективно мнение!Со сета почит кон Џетро
×
×
  • Създай нов...

Важна информация!

Поставихме "бисквитки" на вашето устройство, за да направим този сайт по-добър. Можете да коригирате настройките си за "бисквитките" , в противен случай ще предположим, че сте съгласни с тяхното използване.