-
Мнения
128 -
Присъединил/а се
-
Последно посещение
-
Топ дни
1
Тип съдържание
Профил
Форуми
Календар
Всичко публикувано от Александар
-
Е не е баш дека нема разлика. Како би можел да го вброиш ова во овердрајв?
-
Навистина како што рече Евтим, не може многу што да се заклучи од семплот. Но како и да е, ако не ти се допаѓа како звучат струните кои моментално ги употребуваш- смени ги. Купи некои од тие кои ти ги набројаа членовите тука и свири колку што можеш повеќе за да го снема она карактеристично ѕунење на новите струни, кое и мене не ми се допаѓа многу. Како што напишав еднаш, се’ е тоа прашање на личен избор. На пример, јас не ги менувам струните толку често како што некои препорачуваат (на 2-3 месеци) Јас моите ги возам и по половина година, па и повеќе Што се однесува до дебелината на жиците, можеш да се обидеш и со 11, да видиш како ќе ти оди, но со оглед на тоа што фендероидните гитари се со подолг врат (гриф) може да ти биде потешко при свирењето, освен ако немаш супер силни прсти како Стиви Реј Вон, тој употребувал 13! А води сметка и на тоа дека 10-ка Стаг не звучи исто како 10- ка Ерни Бол или Д’Адарио. Експериментирај- купи си сега на пример 10 Д’Адарио, па ако ти се премногу меки, наредниот пат купи 11 Ерни Бол. Така најдобро ќе знаеш што навистина ти треба. И да, при промената на струните можеби ќе треба да направиш мал сет-ап на гитарата. Поздрав!
-
Има голема дискусија за тоа по форумите. Некои што велат дека биле присутни во тие моменти велат дека Клептон не употребувал ништо помеѓу гитарата и засилувачот A имам читано дека и воопшто во тие времиња не употребувал никаков ефект освен вах педала. Ни фаз, ни бустер..ама кој да го знае... Едит: http://www.legendarytones.com/claptonearly1.html
-
Beano album- John Mayall And The Bluesbreakers with Eric Clapton- најминималистичкиот и најсовршениот сет ап- Лес Пол+ гласен Маршал.
-
Некои препорачуваат токму на тој дел да се иструже лакот/бојата за подобар пренос на вибрациите, т.е. да се иструже лакот секаде кај што не се гледа. Инаку за струните, како одговор на авторот на темава- јас колку што знам, не се произведуваат посебни струни за Скваер Познатите брендови на струни за електрична гитара се бројат на прсти- Д’Адарио, Ерни Бол, Фендер и уште некои таму. Јас веќе долго време употребувам Д’Адарио, некако се навикнав на нив, но во принцип кој сет и да одбереш од оние што ги набројав погоре нема да згрешиш. Од поголемо значење е која дебелина, односно gauge ќе одбереш. Јас би ти препорачал да ги избегнуваш тенките (8,9) но сепак тоа е прашање на личен избор.
-
http://www.youtube.com/watch?v=KTSpOUHkFE4...&playnext=1
-
Одлично Дандилов, благодарам за полезната информација
-
Точно, се’ е релативно. Нели PAF хамбакерите се некаде помеѓу 7 и 8 килооми, ако добро се сеќавам, а таквиот вид на хамбакери се еден од основните фактори за оној vintage Les Pаul звук...High output верзиите се над 10 килооми, дури прочитав дека има такви и над 20, и се чудам како тоа чудо воопшто и звучи?! Имав една гитара на која што bridge pickupot и’ беше некаде околу 12 килооми, а neck 7,5 а не беа хамбакери, и едвај да имаше некаква разлика во тоа како звучат, и покрај нивната различна позиција, нели. Думата ми е, понекогаш оние напумпаните high output или overwound можат да звучат по малку неартикулирано, или muddy, како што би се изразиле оние од англиското говорно подрачје.
-
Е, па и воопшто не звучи лошо. Здравје да има, можеби летово, кога ќе имам повеќе време, ќе си имам своја верзија на Милин Камък. Велам своја верзија затоа што чисто се сомневам дека ќе успеам да ги најдам тие транзистори, па ќе треба да се снаоѓам некако, а сето тоа и ќе се одрази на звукот, веројатно.
-
За 18W јас би го зел оној со два говорители, заради поголема плотност и извесен 3D ефект кој што го имаат кутиите со повеќе од еден говорител внатре, а и со оглед на моќноста на засилувачот. Како што напишаа погоре, 2х12“ движат двапати повеќе воздух отколку 1х12“. Но сепак најдобро е самиот да појдеш и да слушнеш како всушност звучат. Можеби повеќе ќе ти се допадне како звучи тој со 1х12“. Еден пример, иако не толку соодветен во случајов: дома имам два засилувачи- еден со 1х15“ и еден со 1х10“. Ако се апстрахираме од разликата во моќноста (оној со 1х15“ е 100W а оној со 1х10“ е 18W) петнаесетката движи повеќе воздух од десетката, нормално и е многу подобра за чист звук, ама за овердрајв десетката звучи каде каде подобро. Понекогаш петнаесетката дури и ја мразам. Од каде па оваа мисла ти дојде на ум бе?
-
Дали некој може малку поопширно да коментира за звукот на дисторшън Милин Камък, да направи некаква споредба со други попознати видови на дисторзиски или овердрајв педали, или пак уште подобро да пушти некаков тонски или видео запис со таа дисторзија, баш ме интересира како звучи, а може и да се стегнам па да ја направам, ништо чудно
-
Една од моите омилени групи:
-
Таа песна е исто така обработка на една македонска народна песна: http://www.youtube.com/watch?v=fZdkv4irDdw...feature=related
-
Мило ми е што ви се допаѓа македонската музика Еве уште нешто: http://www.youtube.com/watch?v=smcg8rro9d0...feature=related Ова е од музиката за филмот „Пред дождот“ на Милчо Манчевски, групата се вика Анастасија: http://www.youtube.com/watch?v=aNooFDlDLJ4...feature=related Ова е од музиката за филмот „Сенки“ од Манчевски, музиката е на Кирил Џајковски: http://www.youtube.com/watch?v=BFSlaarSzSU Леб и Сол: http://www.youtube.com/watch?v=0f-ueDtYNA8...feature=related http://www.youtube.com/watch?v=-J1hvrjuBlM...feature=related
-
http://www.youtube.com/watch?v=4ZZVBEnDfyE http://vids.myspace.com/index.cfm?fuseacti...ideoid=48399437 Пријатно слушање
-
Којзнае Можеби планира и да си основа семејство внатре, музикално, се разбира
-
Чувај го како милениче. Ем ќе си имаш уникална гитара, ем секогаш ќе има кој да те слуша кога свириш
-
Еве го моето, во процес на изработка и готово И да, пишува SERENE кутијата е од собна антена.
-
Fuzz face DIY, со транзистори BC 109 b или така нешто. Начекав транзистори со gain околу 100, така нешто и се погоди многу добро, иако доста се изнамачив додека да проработи. Уште го чувам, само треба да ја сменам кутијата, бидејќи е пластична, а пластичен е и switch- от кој е true bypass, и веќе почна да откажува. Којзнае, можеби некој ден, кога ќе немам друга попаметна работа, ќе се зафатам со тоа...
-
Да, динамиката е исто многу важен дел од свирењето воопшто. Можат да се прават најразлични комбинации на тој план. Мене еден од поголемите проблеми ми претставуваше да научам да свирам брзо и тивко.
-
http://www.myguitarsolo.com/
-
За тоа дека брзото свирење е убава изразна можност наполно се согласувам, а тоа и го напишав во претходниот мој пост, исто и како што напишав дека брзото свирење само за себе не треба да биде крајната цел. Има многу такви гитаристи кои цело време свират шеснаестини ноти во дабл тајм што ако ме прашувате мене нема никаква врска со музикалноста. Брзото свирење и тоа како може да биде музикално, ама патот до брзото музикално свирење е преку бавното музикално свирење. На пример овој лик: http://www.myguitarsolo.com/Licks/htm/Lick274.htm има интересни ритмички варијации, ама за да може тоа да се исвири брзо но правилно, треба да се научи бавно и правилно. Пикингот е се разбира од круцијална важност. Треба да се прават колку што е можно помалку излишни движења, да се настојува перцето да биде поставено под прав агол в однос на жиците, и да има некаква логичност при пикингот кога ползуваме легато. На пример, една група од шеснаестини ноти со алтернативен пикинг најчесто се свири вака: озгора-оздолу-озгора-оздолу; Ако решиме на пример првите две ноти да бидат сврзани со легато (било хамер он било пул оф) тогаш пикингот изгледа вака: озгора- (легато)-озгора -оздолу; Ако вторите две ноти се сврзани со легато ттогаш тоа изгледа вака: озгора-оздолу-(легато)-оздолу итн. Како што реков, треба постојаност и дисциплина за да се постигне, да кажеме, брза музикалност. Еве најдов еден интересен сајт, па да го споделам со вас, доколку не сте го знаеле: http://www.myguitarsolo.com/Licks/htm/Lick274.htm
-
Ако ова е изречено сосем сериозно, тогаш се доаѓа до заклучок дека тие музичари или се многу вешти брзозборци (умеат да говорат брзо) или свират многу бавно, т.е не умеат да свират брзо. Има една етида за класична гитара од Вила Лобос, која се мачев да ја научам чисто онака колку да научам да ги користам и прстите на десната рака, покрај свирењето со перце, но кога првпат ја слушнав истата од професионален класичен гитарист, занемев. Со таква брзина јас не можев ни да ја осмислам мелодијатата во глава, т.е. не можев да си ја испеам во себе. Или да кажеме за оние брзи рафални разгеада или така некако мислам дека се викаше таа техника која ја користат фламенко гитаристите. Поентата ми е дека може да се постигне ужасно голема брзина во свирењето и да се исвират многу комбинации од, да кажеме еден систем од 7 или пет тона, или ајде 12 ако гледаме хроматски на нештата. На пример, дали ја имате гледано онаа школа на Shawn Lane? Кога првпат ја гледав, искрено кажано, си мислев дека тие нешта што ги покажува многу поубаво звучат кога ги свири побавно, а со цел нели обичните смртници како мене да успеат некако да сфатат за што станува збор, отколку кога ги свири ултра спид, бидејќи тогаш и не се слуша многу освен некакво брмчење, додека само малку побавно истите секвенци звучеа како многу интересни комбинации. Самата брзина може да се постигне многу лесно - метроном и манијачка посветеност и дисциплина, па еден ден одмор и се така. Најпрвин се почнува со свирење бавно, како што неколку пред мене веќе напишаа, за да се постигне извесна точност и прецизност во свирењето, и потоа постепено се убрзува до сосем малку над границите над сопствените можности, т.е. се рушат бариерите една по една. И така еден убав ден, доаѓаме до откритие дека некои нешта кои ни звучеле величествено и недостижно се веќе под нашите прсти. Ама во истиот тој миг може и да дојдеме до заклучок дека истите тие нешта и не биле ништо посебно и дека некое дете од 12 години на YouTube ги свири исто толку брзо, ако не и побрзо. А и самото свирење не е само механичко повторување на усовршени скали, секвенци, арпеџа и што ли не. На пример, за свирењето во бенд ни треба едно елементарно чувство за интеракција со останатите членови, за тоа да биде всушност- музика, а не натпревар на натрипани егоизми, иако сепак се’ зависи од вкусот, се рабира. Еден прост пример- Слеш! Технички гледано, тој и не е ништо посебно, ама е автор на некои веќе легендарни рифови и сола. Самиот тој вели дека не губи многу време во усовршување на скали туку едноставно се стреми кон тоа да ги извади надвор мелодиите кои тој ги слуша во главата на дадена хармонска прогресија. И не само тој, да го спомнам и Џими Пејџ исто така, и многу други. Значи да заклучам, самата брзина, како алатка, е убава можност за мелодиско и ритмично изразување, ама според мене, тоа не треба да ни е крајната и единствена цел, туку создавањето на музика, и уживањето во неа. Ете, тоа беа моите 2 денари по темата