Jump to content
Българският форум за музиканти

Кога ѓаволот си нема работа


Recommended Posts

Публикувано (Редактирано)

Значи секогаш испаѓа по онаа старата: „тоа што не го знаеш, не може да ти наштети”, е така и со мојов проблем. Пред извесно време купив доста евтино една јапонска копија на Лес Пол, која што едноставно и на звук, и на чувство ми лежи ептен добро. Вратот е така, масивен, ама не премногу. Гитарата е доста тешка, не ја мерев, ама си е тешка. Телото е сочинето од четири дела, нешто како „pancake” стилот во 70-те. Два слоја од некаков махагони, а во средината мислам дека е јавор (клен) од некаде нешто помалку од 1 см. Е само горната плоча не знам од какво дрво е, некои влеат дека е шперплоча од бреза, некои од јавор, не знам.

 

Како и да е, пред извесно време решив да ги израмнам праговите малку, ака fret leveling, и тоа не толку затоа што се истрошени, туку затоа што тој што ги менувал претходно не си ја завршил работата како што треба, и кога ги рамнел праговите направил неколку големи пропусти;

 

-не ги обликувал по рамнењето, т.е. не им направил круна, или за искусните во лутиерството, crowning.

-не се потрудил многу ни околу рабовите на праговите, т.е. доста се рапави, кога минувам со раката по вратот се чувствува.

-оставил многу непополнети дупчиња на фретбородот, кои што ги направил вадејќи ги претходните прагови.

 

Со оглед на тоа што досега двапати успешно имам сменето прагови, се решив самиот да ги дотерам малку. Вратот не е set neck, туку е bolt on,па така го симнав вратот, и ја завршив работата.

 

Но она што ме извади од памет кога го симнав вратот е ова:

 

dsc00224vn.jpg

 

 

Во средината на вдлабнатината за вратот недостасува едно цело парче на дрво (обоениот дел):

 

dsc00225zw.jpg

 

Ајде и тоа некако ќе го решам, ќе вметнам парче оревово дрво, а каде што треба ќе пополнам и со кит направен од струганици и лепило за дрво, но:

 

dsc00226c.jpg

 

Што да правам со таа голема дупка во средината? Досега имам видено една помала таква на тоа место кај една друга гитара. Дали е тоа нормално, и е намерно направено поради звукот можеби? Јас мислам дека тоа е направено можеби при бојадисувањето, т.е. преку таа дупка можеби телото било прицврстено на некаква летва. Ако е така, тогаш Јапонците навистина живеат со главите надолу, т.е. обратно, ама не сум сигурен дека е за таа намена.

 

Јас имам една идеа, и така планирам покрај шрафовите, да ставам и тенок слој на лепило. Жлебот е исклучително тесен, дури малку и се помачив дури да го одвојам вратот од телото, и тоа го правев доста внимателно. Знам дека некои ќе ме советуваат да не ставам лепило, ама јас мислам дека е подобро тенок слој на лепило отколку тенок слој на боја која што веќе ја има на вратот. Е сега за дупката, мислам неа или да ја пополнам со цилиндрично парче на ореово дрво, или пак и во вратот да направам паралелна вдлабнатина, и да вметнам нешто како дрвен клин кој што ќе ги спојува дополнително вратот и телото, што ми изгледа како малку поопасна операција.

 

 

Вие што мислите, што да правам?

Редактирано от Александар
Адрес на коментара
Сподели в други сайтове

Тая дупка (отвор) изобщо не ти пречи. Тя няма да се вижда, след като монтираш

планката, но ако толкова те дразни - запуши я с орех както си го замислил.

Мисля че трябва да си насочиш вниманието и енергията към фретбрда и

праговете. Задължително бий лице на фретборда - хем ще го изправиш, хем ще

заличиш голяма част от отчекнатите парчета, а след това ще имаш много по-малко

работа по левълинга и краунинга.

УСПЕХ!

Адрес на коментара
Сподели в други сайтове

Само недей да правиш паралелна вдлъбнатина на грифа (вратот)! Ще го повредиш! Иначе мисля, че ако залепиш една подложка от орех, за да изравниш леглото на грифа, тогава ще стане. Само да не повдигнеш грифа! Заравни леглото на сегашното положение.

Успех! :girl_witch:

Адрес на коментара
Сподели в други сайтове

Санде, не се фърлай у грех, баце.

На Валери Градинарски се обади, ако си в София.

Нека той ти даде съвет, или DIKATA питай от форума. Да не стане оле-мале сетне...

Адрес на коментара
Сподели в други сайтове

Отговорено (Редактирано)

Хехе....„Санде”...Колку се срдев кога ме нарекуваа така на времето. :ok: Благодарам на советите, на сите. Се мислев и јас да ја однесам кај некој лутиер, ама па од друга страна имам еден таков став во животот, ако заебам нешто, сакам јас да го заебам; а пак ако успеам да го направам, тоа ќе биде чекор (крачка)понапред за мене.

 

Ама се уште се мислам, ќе видиме. А за совети, се разбира. ќе пробам да исконтактирам со тие што ми ги посочи.

 

Да, паралелното дупчење во вратот би било голем ризик и мислам дека нема да го правам тоа. Мене најмногу ме интересира, како воопшто се одразува на звукот таа празнина таму? Нели на местото каде што се спојуваат вратот и телото треба да има што е можно повеќе допирни површини, за подобро пренесување на вибрациите. А таа дупка ме збунува, белки не е направена поради некоја акустика?!

 

 

 

Оф топик П.С.

 

До пријателот кој што ми забележи на јазикот на кој што пишувам:

 

Јас го знам б’лгарскиот книжовен, горе-долу, ама пишувам на македонски не поради непочитување, туку бидејќи знам дека ме разбирате и вие мене исто како што ве разбирам и јас вас, па според тоа сметам дека можеме да се дружиме без излишни куртоазии.

 

Поздрав!

Редактирано от Александар
Адрес на коментара
Сподели в други сайтове

Отговорено (Редактирано)

^Извинявай. Не съм си помислил дори и за момент, че пишеш така поради неуважение. Мир, братя!

 

А иначе, колкото до китарата, защо не я пратиш на КД (Костадин Димитров), страшни неща прави с китарите.

 

 

Поздрави!

Редактирано от BloodMetall
Адрес на коментара
Сподели в други сайтове

А така. Мир да има, че бях извадил :ok: ама се размина само с някой друг пост заминал :)

 

Все добри съвети между другото, по отношение на лютиерите.

 

Поне размени някое друго съобщение с Коцето (basstraffic) - никога не отказва да даде добър съвет.

Адрес на коментара
Сподели в други сайтове

Определено трябва да се запълни тая неравност и дупката, за да има по-добро предаване на вибрациите от грифа към тялото. Важно е как ще стане това, с какъв материал и кой ще го направи, за да стане сполучливо!

Моето мнение е, че трябва първо да издълбаеш с оберфреза леглото на грифа докато премахнеш неравностите и после да залепиш орехова плочка, за да постигнеш необходимата дълбочина на леглото за грифа. Имай впредвид, че Les Paul тип китарите имат наклон на леглото на грифа между 3 и 4 градуса! Ако смяташ, че няма да се справиш, по-добре дай китарката на лютиер, за да стане работата както трябва.

Ето в тази тема съм качил един .pdf файл с чертеж и размери на Les Paul китара.

 

http://forum.muzikant.org/index.php?showtopic=66725&hl=

 

Успех! :greenangel::thumbs_up:

Адрес на коментара
Сподели в други сайтове

  • 3 months later...

Ајде малку да ја подновиме темава. Најнапред да ви се заблагодарам на советите.

 

Е така, летото божем ќе ја правев гитарата, ама тоа се зафатив со други работи, и така и си остана. Како и да е, смислив како да се справам со проблемот, и направив подлошки за нерамнините. Е сега дојде време за лепењето. Планирав да лепам со туткал, и набавив од еден локален столар, арно ама сега залади времето, а имам читано дека со туткал се лепи на повисоки температури. Е сега се мислам, дали да лепам со PVA лепило, или да почекам да почне грејната сезона :girl_witch:

Значи станува збор за лепење не само на подлошките, туку и на вратот. Вие што препорачувате?

Адрес на коментара
Сподели в други сайтове

На вратот со туткал. Сбунувай си дупчење во вратот....

"Јас го знам б’лгарскиот книжовен, горе-долу, ама пишувам на македонски не поради непочитување, туку бидејќи знам дека ме разбирате и вие мене исто како што ве разбирам и јас вас, па според тоа сметам дека можеме да се дружиме без излишни куртоазии"

 

;)Аз съм шоп. Може ли да пиша по шопски? Или ще получа двуседмичен БАН отново?

Адрес на коментара
Сподели в други сайтове

  • 1 month later...

ОК, малку по малку продолжуваме со нашата mission impossible :icon_shithappens: Значи за лепило решив да го послушам мојот пријател bmmusic :D , и да ставам туткал. Дандилов предложи интересно решение, но мене искрено да ви кажам малку ми е страв за толку радикални промени. Наместо тоа еве како ја замислив работата. Врз дупката ставив проѕирна пластика, и на неа ги исцртав линиите, за од неа да направам шаблон. Потоа земав парче оревово дрво, и од него еве што изделкав:

 

dsc00434sx.jpg

 

Ете како се совпаѓа со нерамнините:

 

dsc00402i.jpg

 

Туткалот го подготвив на следниов начин:

 

Во мало тегличе ставив малку туткал

 

dsc00429w.jpg

 

Потоа во тегличето сипав вода колку само да го покрие туткалот. Бидејќи немам такво чудо кое што се вика double boiler, решив малку да импровизирам:

 

dsc00435lm.jpg

 

Кога туткалот се стопи, намачкав на гитарата и на парчињата, ставив стеги, и сега за сега тоа е тоа.

 

dsc00436x.jpg

 

dsc00438li.jpg

 

 

Утре ќе видиме што сум направил.

Редактирано от Александар
Адрес на коментара
Сподели в други сайтове

Join the conversation

You can post now and register later. If you have an account, sign in now to post with your account.
Note: Your post will require moderator approval before it will be visible.

Guest
Отговорете в темата...

×   Pasted as rich text.   Paste as plain text instead

  Only 75 emoji are allowed.

×   Your link has been automatically embedded.   Display as a link instead

×   Предишното ви съдържание бе възстановено.   Свободно редактиране

×   You cannot paste images directly. Upload or insert images from URL.

×
×
  • Създай нов...

Важна информация!

Поставихме "бисквитки" на вашето устройство, за да направим този сайт по-добър. Можете да коригирате настройките си за "бисквитките" , в противен случай ще предположим, че сте съгласни с тяхното използване.